Дома Фудбал Медиумите во Италија „удрија“ по Кристиано Роналдо

Медиумите во Италија „удрија“ по Кристиано Роналдо

Носителот на „Златната топка“ Кристиано Роналдо ова лето пристигна во Италија и го облече дресот на Јувентус, па јавноста со право има големи очекувања од него.

Меѓутоа, Роналдо после првите три натпревари не постигна ниту еден гол за „бјанконерите“, а и неговите перформански на теренот не беа долични за најдобар фудбалер на светот.

Пропорционално со големите учекувања дојдоа и првите критики за Португалецот. италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, ден после натпреварот излезе со наслов „CR5,5“, алудирајќи на брендот на Роналдо „CR7“.

„Роналдо и понатаму мора да чека. Овие 270 минути не му беа доволни, а неговиот придонес со големо нетрпение го очекуваат соиграчите, управата и навивачите. Засега неговата потрага по вистинската форма, не беше нешто што премногу се одрази на тимот, но според прикажаното досега, добива оцена 5,5“, пишува весникот.

И другите еминентни медиуму на Апенините исто така упатија китики за досегашните перформански на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест од Србија: Почина тренерот Радмило Јовановиќ

Радмило Јовановиќ почина во 76. година од животот. Раднички 1923 се прости од својот поран…