Дома Фудбал Мбапе: Сакам да покажам дека на ПСЖ ќе му биде тешко без мене!

Мбапе: Сакам да покажам дека на ПСЖ ќе му биде тешко без мене!

Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа постигна три гола против Бриж во Лигата на шампиони и со тоа го сруши рекордот на Лионел Меси.

Мбапе после натпреварот истакна дека целосно опоравен од повредата и дека е во одлична форма.

„Сакав да играм уште од првата минута. Мислев дека ќе биде така, но тренерот го направи својот избор, а јас тоа морам да го почитувам. Сакав да покажам дека без мене на тимот ќе му биде многу потешко, отколку со мене. Останатите направија добра работа во мое отсуство, но морам да се борам за место во првиот тим“.

„Поминаа два месеца откако го одиграв последниот целосен натпревар. Секогаш е убаво да се вратите на терените. Сакам да играм на секој натпревар, да постигнувам голови. Повредата е веќе минато, таа е целосно залечена“, изјави Мбапе.

Французинот постигна три гола и запиша асистенција, иако на средбата влезе како замена во 52-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …