Дома Фудбал Мбапе повторно ја налути јавноста: Го прашаа дали очекува да патува со воз, а тој се – изнасмеа! 🎥

Мбапе повторно ја налути јавноста: Го прашаа дали очекува да патува со воз, а тој се – изнасмеа! 🎥

Килијан Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието поради ситуации кои не се поврзани со фудбалскиот терен.

ПСЖ минатиот викенд на гостувањето во Нант патуваше со авион, а тоа јавноста во Франција го сметаше за исмејување на останатите граѓани на оваа земја затоа што во Франција располага и со супер брзи возови.

Низ Европа нормална појава е клубовите на гостинските натпревари до поблиските дестинации да патуваат со возови или автобуси, но ПСЖ без оглед на одалеченоста патува со авион.

Очигледно ѕвездите на овој клуб се навикнаа на луксуз и тоа што за „обичните“ луѓе е нормална појава за нив можеби е понижување. На прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар против Јувентус новинарите го запрашаа Мбапе дали очекува во иднина да патува со воз, а не со авион.

На ова француската суперѕвезда почна гласно да се смее. Тренерот Галтие иронично одговори дека наредниот пат ќе патуваат со трицикл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грилиш се врати на тренинг, но Мојс сè уште не го враќа во тимот

Англичанецот ќе пропушти четврти натпревар по ред по дисциплинскиот прекршок, а во Евертон…