Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе смета дека неговиот тим се уште не созреал за освојување на ЛШ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Парижаните веќе со години доминираат во францускиот шампионат, меѓутоа со големото финансиско вложување целта им е да ја освојат ЛШ по прв пат во историјата.
Сепак, Мбапе смета дека неговиот тим се уште заостанува зад Реал, Јувентус..
„ПСЖ од година во година расте, а и играчите напредуваат заедно со клубот. Можеме да размислуваме за ЛШ, тоа е последниот чекор и природно ќе дојде еден ден. Потенцијалот е тука, во еден момент ќе ја оствариме таа цел. Но, не сум сигурен дека сега е време.“
Да потсетиме, Мбапе стигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. Оваа сезона на 13 натпревар постигна исто толку погодоци и шест асистенции.