Дома Фудбал Останато Мбапе и Левандовски застанаа против идејата на ФИФА за СП на две години

Мбапе и Левандовски застанаа против идејата на ФИФА за СП на две години

Ако сакате квалитет морате да размислувате за здравјето на играчите, порачаа Килијан Мбапе и Роберт Левандовски и така ја отфрлија идејата за одржување на Светско првенство на секои две години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе и Левандовски го кажаа својот став за плановите на ФИФА за воведување на СП на секои две години.

„Светското првенство е посебно затоа што се одржува на секои четири години. Тоа е нешто неверојатно. Тоа е настан во кој не можете многу често да учествувате. Кога би се играло на секои две години би станало нормално натпреварување, тоа не смее да се случи“.

„Веќе сега играме 60 натпревари годишно, Европско, Светско првенство, Лига на Нации…Сакаме да играме, но тоа е премногу. Мораме да се одмориме и да правиме пауза. Ако луѓето сакаат квалитет, емоции и добра игра мораат да го почитуваат здравјето на фудбалерите“, порача Мбапе.

Слична беше изјавата и на Левандовски.

„Ако сакате на навивачите да им понудите нешто поинакво, мора да се паузира. Сјајот на Светското првенство ќе се изгуби ако играме на секои две години. И невозможно е во таква ситуација играчите да прикажуваат ист квалитет“, истакна полскиот голгатер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…