Дома Фудбал Мбапе доби прашање за провокациите на Мартинез покрај Меси во Аргентина 🎥

Мбапе доби прашање за провокациите на Мартинез покрај Меси во Аргентина 🎥

Килијан Мбапе вчера постигна гол во самиот финиш од натпреварот и така донесе победа на ПСЖ, а по натпреварот Мбапе доби прашање за случувањата на прославата на Аргентина.

Голманот на Аргентина неколку пати испраќаше провокации кон Мбапе, а можеше да се забележи дека Меси воопшто не реагира за да го заштити својот клупски соиграч. Поради тоа Аргентинецот добиваше и критики од јавноста.

„Тоа што се случуваше таму не е мој проблем, не сакам да трошам енергија на такви работи. Чекам Меси да се врати и да продолжиме заедно да славиме и постигнуваме голови.

Разговаравме и му честитав. Светската титула беше животна цел за него, беше и за мене, но во Катар јас не успеав. Најважно е да останете добар играч“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…