Дома Фудбал Останато Мбапе до младата надеж на ПСЖ: Потпиши договор и ќе ти купам патики (ФОТО)

Мбапе до младата надеж на ПСЖ: Потпиши договор и ќе ти купам патики (ФОТО)

ПСЖ има систем во кој за скапи суми купува фудбалери кои се веќе добро познати и ѕвезди во своите клубови, па така младите клубови во Париз не добиваат многу прилика да покажат што знаат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму пораи тоа еден од најголемите таленти во школата на ПСЖ, Адил Аучиче е пред преминување во Сент Етјен како слободен играч.

Аучиче е играч кој има само 17 години и ако правилно се развива се очекува да има добра кариера. За ПСЖ веќе дебитираше во купот и во Лига 1. Меѓутоа Аучиче изгледа смета дека за него е подобро да оди во клуб каде што редовно ќе игра.

На една негова фотографија која ја објави на Инстаграм во кометар се јави Килијан Мбапе.

„Потпиши нов договор и ќе ти купам нови патики“, искоментира француската ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играше на Светското Првенство, а сега е позитивен на кокаин

Австралискиот фудбалски репрезентативец Кристијан Волпато беше позитивен на кокаин при пре…