Во рамки на 17. коло во Серија А, актуелниот шампион, Јувентус славеше лесно против Болоња со 0:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот погодок беше маестрално дело проследнено од Пјаниќ во 27. минута. Двојно водство пред полувреме за „Старата дама“ донесе Манџукиќ во 36. минута, а конечниот резултат го постави Матуиди во 64. минута.
Кротоне на домашен терен славеше минимално над Киево со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Будимир во 33. минута.
На мечот помеѓу Фиорентина и Џенова, на кој нашиот интернационалец, Горан Пандев играше од првата минута не беше запишан ниту еден погодок.
Во последниот меч во терминот од 15:00 часот, Сасуоло во финишот на мечот против Сампдорија запиша нови три бода, благодарение на погодокот на Матри во 90. минута.