Дома Фудбал Останато Мајката на Роналдињо почина од Ковид 19

Мајката на Роналдињо почина од Ковид 19

Мајката на Роналдињо, Мигелина, почина на 71-годишна возраст, како резултат на компликации од коронавирус.

Таа беше хоспитализирана во декември минатата година во болница во Порто Алегре, бразилска држава, која беше рекордер по бројот на заразени лица во државата.

„Драги пријатели, мојата мајка е заразена со ковид 19 и ние се бориме таа наскоро да се опорави. Таа е на интензивна нега и ја прима целата потребна терапија. Од напред ви се заблагодарувам за молитвите, позитивната енергија и наклонетоста. Напред мамо“, порача во декември Роналдињо.

За жал, Мигелина денес ја загуби борбата со коронавирусот, а медиумите во Бразил ја пренесоа трагичната вест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе јасно побара Златна топка и изнесе аргумент кој тешко се оспорува

Килијан Мбапе се најде во центарот на уште една голема дебата за добитникот на Златната то…