Дома Фудбал Останато Матје: Знам како му е на Ленгле, така мене ми беше во последната сезона

Матје: Знам како му е на Ленгле, така мене ми беше во последната сезона

Барселона веќе некое време се наоѓа во криза и тоа се може да се види по резултатите на Каталонците во последните натпревари.

После дебаклот во Лигата на шампионите и поразо од ПСЖ Барселона во неделата одигра само 1:1 против Кадиз во Ла Лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најкритикуваните играчи е дефанзивецот Клемент Ленгле кој против Кадиз направи пенал во 89. минута. Ленгле во солзи го напушти стадионот затоа што беше свесен дека е трагичар.

Поранешниот фудбалер на Барселона Жереми Матје истакна дека е свесен низ што поминува неговиот сонародник.

„Имав тежок период во последната сезона во Барселона. Се чувствував осамено во последната сезона, немав поддршка од соблекувалната. За мене тоа не е фудбал. Сите го критикуваат Ленгле и знам како му е. Тој дава се од себе, но некогаш едноставно не ви оди и лошо е ако ја немате поддршката од соиграчите“, изјави Матје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…