Дома Фудбал Лига на шампиони Мата открива како го замолил Јанг да му го препушти слободниот удар

Мата открива како го замолил Јанг да му го препушти слободниот удар

Шпанскиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата вчера даде голем доприност во пресвртот на „црвените ѓаволи“ против Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мата на неколку минути пред крајот на нтпреварот посригна одличен гол од слободен удар, а за медиумите после натпреварот откри дека го замолил Ешли Јанг да му дозволи да го изведе прекршокот.

„Кога видов дека е досуден слободен удар бев полн со самодоверба дека јас треба да го изведам. Му се обратив на Ешли: Те молам, остави ме да го изведам, бидејќи сакав да шутирам преку живиот ѕид. Тоа се незгодни слободни удари за голманите, живиот ѕид е преблиску и топката доцна се гледа. Се обидов да го направам тоа што го правам на тренинзите и ми успеа. На крајот за радоста да биде комплетна постигнавме и втор гол“, изјави Мата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Maрсело Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот …