Дома Трансфер зона Мата на чекор од враќање во Примера!

Мата на чекор од враќање во Примера!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата е блиску до договор со Валенсија и враќање во Примера, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот плејмејкер е на излезна врата од „Олд Трафорд“, особено после доаѓањето на Алексис Санчез. Договорот на Мата истекува на крајот на сезоната, па „црвените ѓаволи“ сакаат да го продадат сега за да заработат на неговиот трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Мата се договорил со Валенсија и е на чекор од враќање на „Местаља“, каде ја доживеа својата афирмација.

Сега останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик за отштетата, а доколку не постигнат договор Мата на лето како слободен играч ќе се врати во Валенсија, каде настапуваше од 2007 до 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…