Марсело, легендарниот Бразилец кој остави голема трага во кариерата во Реал и кој сега игра за Флуминенсе, го избра идеалниот тим составен од играчи со кои ја делеше соблекувалната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За тренер на својот совршен тим го назначи Зинедин Зидан, легендарниот Французин со кој соработуваше во Реал и Фернандо Диниз со кој моментално работи во Флуминенсе.
Кејлор Навас на голот дојде до предност пред Икер Касиљас. Одбранбени играчи се Рафиња и Роберто Карлос, а стопери Серхио Рамос и Тиаго Силва.
Во средниот ред, Марсело се одлучи за триото со кое Реал последниве години ја покори Европа: Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро. Кристијано Роналдо, Нејмар и Бразилецот Роналдо се напаѓачите во идеалниот тим на Марсело.