Извршниот директор на Интер, Бепе Марота најави дека „нероаѕурите“ ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на летото Интер значително го засили својот тим со цел да се врати во самиот врв на италијанскиот фудбал, а во клубот немаат намера да застанат тука. Бепе Марота сега потврди дека Антонио Конте ќе ги добие засилувањата кои му се потребни во јануарскиот преоден рок.
„Знаеме дека ситуацијата е алармантна, но на зимскиот пазар гледаме со оптмизам. Спремни сме да ја искористиме секоја прилика и да ги исполниме своите амбиции. Сакаме да го обликуваме тимот на работна етика, чуства на припадност и со вредностите кои сака да ги види Конте“, изјави Марота.
Повредите на некои од клучните фудбалери значително му ја отежнаа работата на Конте на стартот од сезоната, но и покрај тоа Интер се наоѓа на второто место со само еден бод помалку во однос на Јувентус.