Генералниот директор на Интер, Бепе Марота денес зборуваше на пресконференција заедно со тренерот Симоне Инзаги.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неизбежно новинарите го прашаа за Пауло Дибала за кого веќе подолго време се шпекулира дека ќе потпише за Интер.




Дибала во моментов е слободен агент, се чинеше дека е на чекор од потпис во Интер, но откако пристигна Лукаку преговорите се во застој.




„Дибала е дел од таа група на фудбалери кои се слободни агенти, па поради тоа беше една од опциите. Никогаш не се случило толку добри фудбалери да се слободни и без клуб, но тоа е доказ дека фудбалот се менува“.
„Јас имам одличен однос со Дибала и за нас тој претставуваше добра можност, но имаме многу напаѓачи. Нашиот напад во моментов е многу силен, имаме голем избор на врвни напаѓачи“, истакна Мората.




Со ова Мората индирекно потврди дека клубот најпрво треба да се ослободи од Санчез и Џеко за да потпише со Пауло Дибала.