Дома Трансфер зона Марка тврди: Мората се враќа во Италија, го избра Милан!?

Марка тврди: Мората се враќа во Италија, го избра Милан!?

Шпанскиот весник „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид денес лансираше „бомба“ и тврди дека Алваро Мората ова лето ќе се врати во Италија и ќе го облече дресот на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако се чинеше дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, Челзи или Јунајтед, сепак весникот тврди дека поради неколку причини Мората се одлучил да ја прифати понудата на Милан и да се врати во Серија А.

Имено, Челзи е на добар пат да го комплетира трансферот на Лукаку, па Мората стравува дека нема да има доволно минутажа, додека во Милан ќе биде прва ѕвезда во нападот, а тој сака редовно да игра за да може да настапи на Светското првенство.

Притоа, неговата сопруга е Италијанка и поголем дел од времето го поминува во Милано, а Мората ќе има голем профит и од спонзорските договори бидејќи биде прва ѕвезда во тимот од „Сан Сиро“.

„Марка“ наведува дека е позната и цената на трансферот, Реал бара 60 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за новите сопственици на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…