Дома Топ вести „Марка“: Роналдо лично од Перез ќе побара трансфер во…

„Марка“: Роналдо лично од Перез ќе побара трансфер во…

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, по завршувањето на Купот на Конфедерации во Русија, на претседателот на клубот Флорентино Перез ќе му соопшти дека сака трансфер во ПСЖ, тврди „Марка“.

Весникот кој е добро упатен за случувањата во Реал Мадрид, објави дека 32-годишниот фудбалер побарал состанок со Перез и покрај тоа што претседателот пред неколку дена објави дека Роналдо е бесен, но се обиде да ги смири навивачите со изјавата дека тој ќе остане во Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ е спемен за неговиот потпис да плати 150 милиони евра и да му обезбедат поголема годишна плата од онаа која ја има во Реал.

За Кристиано Роналдо, кој во Шпанија е обвинет за даночно затајување, интерес покажуваат и неколку екипи од Кина, но Португалецот нема намера да се сели на Далечниот исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…