Дома Трансфер зона „Марка“ открива: Самуел Умтити ова лето можел да заврши во Реал Мадрид!?

„Марка“ открива: Самуел Умтити ова лето можел да заврши во Реал Мадрид!?

perez

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити ова лето потпиша договор со Барселона до летото 2023 година.

Во финишот на минатата сезона многу се пишуваше за тоа дека Умтити би можел да ја напушти Барселона бидејќи долго време одбиваше да започне преговори. Неговиот агент во тие моменти преговарал со неколку клубови, а сега „Марка“ открива дека еден од нив бил – Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реномираниот медиум утрово објави дека Умтити водел преговори со Реал Мадрид. Перез наводно се обидел да го доведе Французинот во своите редови и на тој начин да зададе низок удар на својо ривал, но на крајот не успеал.

Умтити неколку недели размислуваше а на крајот донесе одлука да остане во Барселона, па преку својот агент испратил порака до Перез дека останува во Барселона.

Во новиот договор кој го потпише, стоперот има и откупна клазула во износ од дури 500 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…