Дома Фудбал „Марка“: Готово е, Барселона ќе го отпушти Куман!

„Марка“: Готово е, Барселона ќе го отпушти Куман!

После уште еден разочарувачки натпревар против Гранада на големо се најавува отказ на Роналд Куман.

Холанѓанецот ја нема поддршката од навивачите, а изгледа и раководството повеќе не му верува. Куман кој е играчка легенда на Барселона беше доведен во ерата на поранешниот газда Хозе Марија Бартомеу.

Денешното издание на „Марка“ пишува дека Лапорта после вчерашниот натпревар донел одлука Куман да добие отказ.

Меѓутоа во овој момент не е јасно кој би го наследил Куман. Проблем за Барселона се и финансиите. Во случај на отказ клубот на Холанѓанецот ќе мора да му исплати 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…