Дома Кошарка Марк Гасол пред враќање во Европа

Марк Гасол пред враќање во Европа

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол (36) е пред враќање во Европа.

Лос Анџелес Лејкерси овој 36-годишен кошаркар го разменија со Мемфис за правата на кинескиот кошаркар Ванг Желин, но Гасол нема повторно да го облече дресот на Мемфис.

Гасол и Мемфис ќе ја раскинат соработката и искусниот центар ќе се врати во Европа после цели 13 години поминати во НБА лигата.

Не е познато за кој клуб ќе потпише, но каде и да биде сигурно ќе биде големо засилување под кошот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…