Дома Трансфер зона Марез случајно откри кој играч си заминува од Сити (ВИДЕО)

Марез случајно откри кој играч си заминува од Сити (ВИДЕО)

Ријад Марез во една емисија на „Скај Спорт“ откри дека покрај Давид Силва клубот во текот на летото ќе го напушти и Фернандињо.

Двајцата фудбалери на „граѓаните“ учествуваа во квиз, а едно од прашањата гласеше: Кој играч на Сити најави дека после истекот на договорот ќе го напушти клубот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алжирецот одговори Давид Силва, но го спомна и Фернандињо после што Бразилецот стави рака на уста и почна да се смее.

Фернандињо во Сити пристигна во 2013 година од Шахтјор за 40 милиони евра и од тогаш одигра вкупно 292 натпревари и постигна 23 гола. Оваа сезона е стандарден и запиша 19 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…