Екипата на Аргентина се наоѓа во тешка позиција и мора да го совлада Еквадор во последното коло за пласман на Мундијалот во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прославениот аргентински напаѓач Марио Кемпес, истакна дека единствениот човек кој би бил среќен да не го гледа Меси на Мундијалот во Русија е аргентинската легенда Диего Армандо Марадона.
„Светското првенство без Меси и Аргентина би било вистинска катастрофа. Единствениот човек кој би бил среќен доколку се случи такво е Диего Марадона, но и неговите фанови бидејќи така би можеле да тврдат дека Диего е најдобар“, изјави Кемпес.
Иначе, Кемпес со Аргентина го освои Светското првенство во 1978 година.