Дома Фудбал Репрезентации Манчини ја губи довербата во Жоргињо: Бонучи станува прв „пеналџија“ кај „Аѕурите“?

Манчини ја губи довербата во Жоргињо: Бонучи станува прв „пеналџија“ кај „Аѕурите“?

Репрезентацијата на Италија имаше големи шанси да го обезбеди пласманот на Светското првенство. Натпреварот во Рим против Швајцарците Италија го одигра 1:1, а трагичар беше фудбалерот на Челзи Жоргињо.

Италијанскиот играч за врска имаше прилика на „Аѕурите“ од пенал да им донесе победа во 90. Минута. Меѓутоа неговиот удар заврши далеку над голот и Италија сега мора да ја победи Северна Ирска во последното коло за да го обезбеди првото место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жоргињо ги промаши последните три пенали во дресот на националниот тим и судејќи според се повеќе нема да биде прв избор за изведување на пенали. „Газета дело Спорт“ тврди дека Жоргињо ја изгубил довербата кај Роберто Манчини и нема да ги изведува одлучувачките пенали.

Според најавите прв изведувач би можел да стане Леонардо Бонучи, а покрај него тука се Доменико Берарди, Федерико Киеза, Лоренцо Инсиње и Федерико Бернардески.

ПРОМАШУВАЊЕТО НА ЖОРГИЊО ПРОТИВ ШВАЈЦАРИЈА:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…