Дома Топ вести Манчестерските ривали се „тепаат“ за дефанзивец на Леверкузен

Манчестерските ривали се „тепаат“ за дефанзивец на Леверкузен

Градските ривали од Манчестер се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Манчестер Јунајтед и Сити го следат неговите настапи и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…