Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја одреди цената за Погба!

Манчестер Јунајтед ја одреди цената за Погба!

Реал Мадрид изгледа се посериозно се интересира за Пол Погба.

Во текот на вчерашниот ден беше промовиран Лука Јовиќ, вечерва на тревникот на „Бернабеу“ и пред медиумите ќе се појави и Еден Азар, наскоро ќе биде претставен и Флориан Менди, а кога ќе се додадат тука и порано завршените трансфери на Едер Милитао и Родриго може да се заклучи дека Реал веќе потроши повеќе од 300 милиони евра. Но тука нема да биде крајот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се чека уште најмалку еден потпис и се очекува тоа да биде голема ѕвезда. Најмногу со Реал (не ги сметаме оние што потпишаа) во последно време се поврзува Пол Погба. Французинот е прва мета за позицијата централен играч за врска во склоп на реконструкцијата за наредната сезона.

Во овој момент според она што го пишуваа Шпанците и Англичаните разликата во она што го бара Јунајтед и она што го нуди Реал е 17 милион и евра. Наводно ,Реал е спремен да плати 151 милион евра, додека во Јунајтед сакаат дури 168 милиони евра.

Таа сума Јунајтед ја одредил затоа што сакаа да ги вратат сите средства вложени во него (оштетата 105 милиони евра и платите кои ги добиваше за претходните три сезони).

Останува да се види дали двата европски гиганти ќе пронајдат некаков договор, а доколку тоа не се случи се очекува клубот од Мадрид да се насочи кон Кристијан Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…