Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми 70 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед спреми 70 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и веќе работи на трансферот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент, па „црвените ѓаволи“ почнаа да бараат негова замена.

Прва желба е токму Милинковиќ-Савиќ, кој игра уште една одлична сезона и сигурно ќе го напушти Лацио ова лето.

„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, а веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.

Се верува дека таа сума ќе ги задоволи апетитите на Лацио, но Јунајтед ќе мора да ја победи конкуренцијата, пред се на ПСЖ и Јувентус, кои исто така се силно заинтересирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…