Манчестер Јунајтед продолжува да биде активен на трансфер пазарот и после комплетирање на трансферите на Џејдон Санчо и Рафаел Варан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори за трансфер на големиот француски талент, Едуардо Камавинга.
Новинарот на „Скај Спорт“, Фабрицио Романо пренесува дека Рен е спремен да го пушти Камавинга за 30 милиони евра, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.
Младиот играч за врска е еден од приоритетите на тренерот Солскјер, а англиските медиуми пренесуваат дека трансферот на Камавинга не е поврзан со трансфер на Погба.
Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе треба да го убедат талетот да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи негов приоритет е Реал Мадрид и сака трансфер на „Сантиаго Бернабеу“