Дома Фудбал Англија Манчестер  Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Роналдо

Манчестер  Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Роналдо

Манчестер Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Кристиано Роналдо, како што се шпекулира во англиските медиуми.

 Според медиумите, во клубот се многу загрижени поради однесувањето на Португалецот, кое го погодува моралот на целиот тим и поради оваа причина размислувале за раскин на неговиот договор доколку тој не го промени ставот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За време на мечот со Брентфорд, Роналдо во неколку наврати ја покажуваше својата фрустрација од играта на соиграчите, дури и отворено гестикулираше кон чуварот на мрежата Давид де Геа, кој направи две грешки од кои противникот потигна два гола.

Роналдо и понатаму се надева дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се приклучи на клуб кој игра во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да најде таков заинтересиран клуб, бидејќи сите одбија да го ангажираат Роналдо.

Официјалниот став на Манчестер Јунајтед досега беше дека Португалецот не е на продажба, особено што Ерик тен Хаг е многу ограничен во изборот на офанзивни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…