Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед конечно најде дефанзивец по мерка

Манчестер Јунајтед конечно најде дефанзивец по мерка

Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед нема да успее да го доведе дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер, „црвените ѓаволи“ се насочија кон неговиот партнер во одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, прва трансфер цел на Тен Хаг во моментов е другиот дефанзивец на Ајакс, Лисандро Мартинез, пренесува „Телеграф“.

Тен Хаг одлично го познава Аргентинецот со кого работеа заедно во Ајакс во последните три години и верува дека таков дефанзивец им недостасува на „црвените ѓаволи“.

Сериозен интерес за Мартинез покажува и Арсенал, па поради тоа Манчестер Јунајтед брза да го договори трансферот и да ја победи конкуренцијата.

Арсенал е спремен да го пушти дефанзивецот за сума од 30-35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…