Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед како во најдобрите денови: Њукасл испратен со „покер“, два гола за Роналдо! 🎥

Манчестер Јунајтед како во најдобрите денови: Њукасл испратен со „покер“, два гола за Роналдо! 🎥

Манчестер Јунајтед денес го одигра натпреварот против Њукасл кој беше во центарот на вниманието поради враќањето на Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ одиграа фантастичен натпревар, а навивачите посебно ги радуваат двата гола на Кристиано Роналдо. Од самиот старт на натпреварот се гледаше желбата кај Роналдо да се запише во листата на стрелци, а тоа се случи во самиот финиш од полувремето. На пауза Јунајтед замина со предност од 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во второто Њукасл успеа да дојде до изедначување преку Манкиљо, но потоа повторно на сцена стапи Роналдо.

Во 62. минута Роналдо по додавањето од Шо го постигнува вториот гол на натпреварот за 2:1. Натпреварот беше решен кога Бруно Фернандеш на десет минути пред крајот стрелаше за 3:1.

Точка на натпреварот стави Џеси Лингард после една одлична акција во судиското продолжение за конечни 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…