Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и Арсенал се „тепаат“ за ѕвездата на Астон Вила

Манчестер Јунајтед и Арсенал се „тепаат“ за ѕвездата на Астон Вила

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.

Тој игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Астон Вила прави се за да го задржи, па нема да прифаќа понуди пониски од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…