Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го разочара Лингард, одбиени понудите од Вест Хем и Њукасл

Манчестер Јунајтед го разочара Лингард, одбиени понудите од Вест Хем и Њукасл

Џеси Лингард останува во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот фудбалер имаше понуди од Вест Хем и Њукасл, но сепак ќе остане во редовите на „црвените ѓаволи“ и после денешниот последен ден од преодниот рок.

Самиот фудбалер поради неговиот статус во Јунајтед имал желба да ја промени средината, сепак последниот збор го имал Јунајтед, а тие не се договориле со споменатите два клуба.

Причина за одбивањето на понудата за Лингард може да биде и ситуацијата со Мејсон Гринвуд кој е суспендиран од страна на клубот после случувањата со неговата девојка. Против Гринвуд се води и полициска истрага и не е јасно каков исход ќе има целиот случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…