Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед во јануари носи напаѓач од 50 милиони евра?

Манчестер Јунајтед во јануари носи напаѓач од 50 милиони евра?

Maнчестер Јунајтед изгледа во јануарскиот преоден рок ќе доведе замена за Белгиецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако многумина го критикуваа Ромелу Лукаку во минататите сезони јасно е дека тој му недостасува на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ имаат проблем со реализацијата оваа сезона и очигледно е дека им е потребно засилување во нападот.

Се пишуваше за Марио Манџукиќ, но тие гласини се намалија. Хрватот се доведуваше во врска со Милан, но и со клубови од Кина и Катар.

Сепак изгледа управата управата на Јунајтед пронајде решение. Според информациите на Островот Јунајтед во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе Муса Дембеле од Лион.

Медиумите пишуваат дека него на Јунајтед го препорачал поранешниот играч на овој на ово јтим Ерик Кантона.

Оваа сезона Дембеле на 10 натпревари во францускиот шампионат постигна седум голови, минатата 15 пати се запиша во листата на стрелци.

Се проценува дека тој би можел да го чини Јунајтед 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…