Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед вечерва ќе го претстави Касемиро, Бразилецот избрал легендарен број

Манчестер Јунајтед вечерва ќе го претстави Касемиро, Бразилецот избрал легендарен број

Бразилскиот фудбалер Касемиро после проблемите кои се појавија денес и официјално ќе биде промовиран во нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Се најавуваше Касемиро дека ќе биде во составот на Јунајтед за дуелот со Ливерпул, но поради подолгото чекање за виза тоа не се случи. На „Олд Трафорд“ Касемиро ќе биде претставен пред вечерашниот дуел, а Манчестер Јунајтед за него ќе плати сума од 70 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека лекарските прегледи ќе бидат завршени во текот на денешниот ден. Касемиро ќе биде на трибините и ќе го следи натпреварот и веќе се знае и кој ќе биде неговиот број.

Касемиро го избрал дресот со број 18 кој своевремено го носеше легендарниот Пол Сколс. Навивачите се надеваат дека со доаѓањето на Касемиро ќе дојдат подобри денови на „Олд Трафорд“.

Дебито на Касемиро во Јунајтед можеме да го очекуваме наредниот викенд кога „црвените ѓаволи“ ќе играат против Саутемптон во четвртото коло од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…