Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн би можел да го пропушти претстојното градско дерби против Јунајтед поради повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Де Брујн го пропушти вчерашниот натпревар од ФА Купот против Шефилд поради повреда на грбот, а тренерот Пеп Гвардиола изјави дека не знае колку време Белгиецот ќе биде надвор од терените.
„Кевин не е спремен. На последниот натпревар падна незгодно. Не знам колку долго ќе отсуствува, се надевам дека нема предолго да биде надвор од терените“, изјави Гвардиола.
Де Брујн сезонава е најдобар играч на Сити и неговото отсуство сигурно дека може да биде проблем за „граѓаните“. Манчестер Сити нема премногу шанси за титула во Премиер лигата, но и понатаму е во игра за трофеј во ФА Купот и Лигата на шампионите.