Дома Трансфер зона Ќе прифати ли Пеп – „Петлите“ одредија цена за Вокер!

Ќе прифати ли Пеп – „Петлите“ одредија цена за Вокер!

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола покажаа голем интерес за десниот бек на Тотенхем, Кајл Вокер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Менаџерот на „Петлите“, Маурисио Покетино стави до знаење дека Кајл Вокер не е незаменлив. Во еден момент изгледаше како неговиот трансферот во Манчестер Сити е само прашање на време, но потоа Пеп вниманието го сврте кон Дани Алвеш.

Сега на Шпанецот останува да одлучи помеѓу Дани Алвеш и Вокер. Алвеш е далеку поефтина опција, но Бразилецот веќе го стигнуваат годините. Од друга страна пак со Вокер би се обезбедиле на подолг период.

Цената која претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одреди за Вокер изнесува 50 милиони фунти и најави дека нема да прифати ништо помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…