Дома Фудбал Англија Манчестер Сити без Стерлинг во финалето!

Манчестер Сити без Стерлинг во финалето!

Рахим Стерлинг најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Арсенал во финалето од Лига Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот на програмата е во недела на „Вембли“, а менаџерот Гвардиола потврди дека Стерлинг има мускулни проблеми.

„Стерлинг има мускулен проблем и не знам дали ќе биде на теренот“, изјави Гвардиола.

Меѓутоа, добра вест за „граѓаните“ е враќањето на Габриел Жесус кој нема настап од крајот на 2017 година.

Гвардиола, кој има 11 победи во 12 финалиња што ги играше со Барселона и Баерн, потврди дека на голот во финалето ќе биде Клаудио Браво наместо првиот голман Едерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…