Садио Мане уште еднаш на индиреткен начин потврди дека донел одлука ова лето да го напушти Ливерпул.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мане влезе во последната година од договорот со „црвените“ и ја одби понудата за продолжување на соработката бидејќи сака да ја промени средината.




На прес-конференција пред мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации против Бенин, Мане ја потврди желбата да замине од Ливерпул.




„Како и сите други и јас сум на социјалните мрежи и ги следам коментарите. Нели 60-70 % од Сенегалците сакаат да го напуштам Ливерпул? Ќе го направам тоа што го сакат, ќе ги послушам. Ќе видиме наскоро. Не се брзам“, изјави Мане.




30-годишниот напаѓач наводно веќе има договор со Баерн Минхен и ќе биде замена за Левандовски.