Дома Топ вести Малдини „заљубен“ во Елмас, Милан спреми 30 милиони

Малдини „заљубен“ во Елмас, Милан спреми 30 милиони

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ова лето пристигна во Наполи и веќе после неколку натпревари ја воодушеви Италија и покажа дека станува збор за еден од најголемите таленти во Европа.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, директорите на Милан Паоло Малдини и Звонимир Бобан се одушевени од настапите на македонскиот репрезентативец и им е прва трансфер желба уште во јануарскиот период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Миланезите“ исто така се во фаза на реорганизација на тимот, сакаат да доведат млади и талентирани играчи па во Елмас гледаат идеаелн профил.

Според најавите, Милан е подготвен да издвои 30 милиони евра за да го добие потписот на Елмас, сума која е двојно повисока од таа која Наполи ја плати за трансферот од Фенербахче. 

Сепак, последниот збор сигурно ќе го има Наполи, кој тешко дека ќе се откаже од својот „дијамант“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…