Дома Македонски спорт Македонија може да одигра пријателски натпревар со хитот на Светското првенство

Македонија може да одигра пријателски натпревар со хитот на Светското првенство

Мароко е eдно од пријатните изненадувања на Светското првенство во Катар, а токму против оваа селекција Македонија би можела да одигра пријателски натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот на Македонија, Благоја Милевски утрово во гостувањето во утринската емисија на „МРТ“, „Македонија наутро“ откри дека се водат преговори за одигрување пријателски натпревар со селекцијата на Мароко.

„Во преговори сме за организација еден контролен натпревар против Мароко во март. Преговорите се во завршна фаза и јас би сакал се да се заврши како што треба“, изјави Милевски.

Мароко на Светското првенство е вистински хит и во групата со Белгија, Хрватска и Канада заврши на првата позиција, па така заслужено со седум бода продолжи во осминафиналето каде што го чека натпревар со Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Алонсо означи еден фудбалер како недопирлив во Челси

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни чекори во врска со пла…