Дома Македонски спорт Македонија до 16 години ремизираше против Црвена Звезда

Македонија до 16 години ремизираше против Црвена Звезда

Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра котролниот дуел против екипата на Црвена Звезда во рамки на кампот што се организираше во Кичево.

На стадионот „Билјанини Извори”, во Охрид, натпреварот заврши нерешено, без победник 1:1. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштените можности, особено во последните минути од средбата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Македонија прва поведе со 1:0. Стрелец на водечкиот погодок беше Ислами во 55. минути. Противникот во 75. минута успеа да го изедначи резултатот.

Нашата млада селекција продолжува со тренинг кампот и подготовките во Кичево по одиграниот контролен меч со Црвена Звезда.

Контролен дуел на градски стадион „Билјанини извори”, Охрид;

Македонија – Црвена Звезда 1:1 (0:0)

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи (к), Никола Стојковски, Генц Кќику,  Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Валдет Јакупи, Даниел Коцев, Димитар Папазов, Веби Ислами;

Резерви: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Валдрин Вилца, Мемет Шабани, Дарио Јакимовски, Александар Спасовски, Алтин Алији, Давор Левковски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Жени ќе судат на Копа Америка

Натпреварите на Копа Америка која ќе се одржува следниот месец за првпат ќе ги судат и жен…