Дома Фудбал Репрезентации Македонија до 15 години: Пораз од Словачка во вториот натпревар

Македонија до 15 години: Пораз од Словачка во вториот натпревар

Младата репрезентација на Македонија до 15 години загуби со 2:0 oд Словачка на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.

На стадионот во Сенец, Македонија не успеа да одговори на добрата игра и поставеност на противникот, Словачка повторно успеа да издвојува победа. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата можност на средбата ја имаше селекцијата на Словачка, која наметна игра уште на стартот на средбата. Во 20. минута, противникот поведе со 1:0.

Во продолжението од мечот, Македонија одигра нешто поконкретно, но без ефект. Најубавата шанса Македонија ја имаше преку Стефан Младеновски во 52. минута. Две минути подоцна, Словачка погодува за предност од 2:0. До крајот на натпреварот, противникот имаше можност да го зголеми водството, , но не искористи одлична прилика во 63. минута од мечот.

Македонија: Окан Ракипи, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Стефан Младеновски, Александар Грашевски, Беркај Шаини, Онур Бесир, Игли Хасани, Здравко Петрески, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски;

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…