Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија во финишот испушти два гола предност против Исланд🎥

Македонија во финишот испушти два гола предност против Исланд🎥

Македонската репрезентација може да жали што од Исланд се враќа со само еден освоен бод, бидејќи имаше два гола предност до самиот крај (2:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Милевски одлично го отворија мечот и дојдоа до водство во 12-та минута со голот на Велковски, кој беше најспретен после еден корнер.

Македонија ја контролираше играта и можеше до полувреме да ја зголеми предноста, но на одмор се замина 0:1.

Вториот дел започна исто со доминација на Македонија која кулминираше во 54-та минута со Алиоски, кој зголеми на 2:0 после една одлична соло акција.

Тогаш избраниците на Милевски како да се опуштија па во 64-та минута примија гол, кој беше поништен од ВАР.

Исланд ни ја „украде“ победата со два брзи гола од 78-та до 84-та минута, а и среќата ни го заврти грбот бидејќи во судиското продолжение Чурлинов го совлада голманот, но дефанзивецот на Исланд ја исфрли топката пред гол линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …