Дома Македонски спорт Македонецот Ристоски реди успеси: Го освои петтиот трофеј со катарскиот Ал Рајан во две години!

Македонецот Ристоски реди успеси: Го освои петтиот трофеј со катарскиот Ал Рајан во две години!

Поранешниот македонски одбојкарски селектор Жарко Ристоски го прослави петтиот трофеј во својот двегодишен престој во Ал Рајан, тој и официјално стана шампион на Катар.

Ристоски со својот тим доминираше во големото финале и го совлада Ал Араби со максимални 3:0, а во полуфиналето со истиот резултат беше подобар од Катар спортс. Пред еден месец, Ал Рајан беше победник и во првенството на Западна Азија. Треба да се истакне дека до титулата Ал Рајан стигна со само еден пораз во сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И минатата година Ристоски беше шампион на Катар, а победи и во Арапскиот клупски шампионат и ланското првенство на Западна Азија. Ал Рајан Ристоски го овди од јуни 2021 година, претходно две сезони беше селектор на Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…