Дома Фудбал Останато Македонецот Давор Здравковски еден од капитените во новата сезона во АЕЛ Лимасол

Македонецот Давор Здравковски еден од капитените во новата сезона во АЕЛ Лимасол

Македонскиот фудбалер Давор Здравковски ќе има важна улога во новата сезона во кипарскиот шампионат во тимот на АЕЛ Лимасол.

Овој клуб потврди дека Здравковски и во новата сезона ќе биде еден од петте капитени на тимот. За Македонецот ова не е новост затоа што во минатата сезона капитенската лента ја носеше на 10 натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој е еден од најстандардните фудбалери во тимот од Лимасол и тука настапува уште од 2017 година. Зад себе 122 натпревари. Претходно го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.

Своевремено тој беше капитен и на младата репрезентација на Македонија за која одигра 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…