Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: ПСЖ „извади покер“ во Белград, црна вечер за Италијаните, Англичаните слават! (ВИДЕО)

ЛШ: ПСЖ „извади покер“ во Белград, црна вечер за Италијаните, Англичаните слават! (ВИДЕО)

Вечерва се одигра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Најголемо внимание секако привлекуваше дуелот помеѓу Ливерпул и Наполи, тимови кои во директен дуел одлучуваа кој ќе оди во нокаут фазата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На крајот поуспешен беше англискиот претставник кој славеше победа со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во првото полувреме од натпреварот.

Црвена Звезда на домашен терен претрпе пораз од 1:4 од Пари Сен Жермен. Погодоците за францускиот гигант ги постигнаа Едисон Кавани, НејмарМаркињос и Мбапе. Стрелец на почесниот гол за Звезда беше Гобејљиќ.




Вечерва интересно беше и во групата Б каде што за продолжување на настапите во Лигата на шампионите се бореа Интер и Тотенхем, но на одделни терени, на крајот се радуваа Англичаните.

Барселона иако настапи во комбиниран состав стигна до предност од 1:0 против Тотенхем уште во седмата минута преку Дембеле. Голот кој донесе голема радост за „петлите“ го постигна Лукас во 85-тата минута.

Со истиот резултат заврши и средбата помеѓу Интер и ПСВ, па иако „нероаѕурите“ имаат ист број на бодови со Тотенхем во нокаут фазата одат Англичаните.

Во останатите натпревари Дортмунд со 0:2 беше подобар, додека Клуб Бриж и Атлетико одиграа 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…