Дома Трансфер зона Лука Јовиќ го одбил Милан поради Ибрахимовиќ

Лука Јовиќ го одбил Милан поради Ибрахимовиќ

Лука Јовиќ во овој преоден рок го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица до крајот на преодниот рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интерес за Јовиќ покажуваше и италијнскиот гигант Милан, кој подолго време беше во контакт со неговиот агент.

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Милан и Реал постигнале договор за позајмица со право на откуп, но Јовиќ одбил да се пресели на „Сан Сиро“.

Имено, Србинот барал клуб каде што ќе му биде гарантирано место во стартниот тим, бидејќи не добиваше минутажа во Реал Мадрид.

23-годишниот напаѓач проценил дека нема да добие шанса да игра покрај Ибрахимовиќ, па на крајот реши да замине во Ајнтрахт, каде сигурно ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…