Дома Фудбал Италија Лука Тони до Виери: Некогаш ги исмејувавме напаѓачите кои немаа 20 гола во сезона

Лука Тони до Виери: Некогаш ги исмејувавме напаѓачите кои немаа 20 гола во сезона

Поранешниот италијански голгетер предупреди дека освен Чиро Имобиле Италија во овој момент нема сериозни напаѓачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имобиле сезонава е во одлична форма и постигна 27 лигашки голови, додека Андреа Петања и Франческо Капуто се единствените двајца играчи од Италија со повеќе од 10 гола во Серија А.

Во разговор со Кристијан Виери на Инстаграм во живо, Лука Тони потсети на подобри времиња за италијанскиот фудбал.

„Се сеќаваш кога бевме во репрезентацијата? Имавме одлични напаѓачи и кога некој немаше да постигне 20 голови во сезоната го исмејувавме. Сега освен Имобиле нема други италијански играчи кои можат да постигнат повеќе од 15 гола. Тоа навистина е голем проблем“, изјави Тони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА не молчи, жестоко ја нападна ФИФА: Ја поминавте црвената линија!

УЕФА остро реагираше по контроверзната одлука на ФИФА да го суспендира казнувањето на Фола…