Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ја коментираше ситуацијата пред дуелот со Хрватска на ЕП и демонстрираше силна верба во својот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Толку многу имам доверба во тимот што би можел да го пуштам на терен секој од 24-та играчи кои ги имам. Сите ми даваат гаранции, верувам дека ќе успееме да се пласираме во четвртфинале. Противниците се затвораат кога играат против Шпанија, затоа очекувам и Хрватска да го направи тоа“, истакна Луис Енрике, а потоа застана во одбрана на Мората.
„Ситуацијата со Алваро Мората е толку сериозна што треба да интервенира и полицијата. Заканите кон семејството на Мората се нешто страшно и тоа е кривично дело кое мора да биде решено. Тоа не се наивни закани“, заклучи селекторот.