Во текот на вчерашниот ден силно одекна вест дека Килијан Мбапе ја соопштил својата одлука за заминување од Париз на сопствениците на ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По таквите информации очекувано беше денес и Луис Енрике на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот да добие прашање за Мбапе.
„Немам било каква информација да ви кажам додека двете страни не излезат во јавност и објават се. Кога актерите ќе зборуваат на таа тема, тогаш ќе го кажам своето мислење. Сепак, како и секогаш што и да се случува клубот е над секого“, изјави Луис Енрике.
Килијан Мбапе веќе неколку години се поврзува со Реал Мадрид и ова лето изгледа дека конечно ќе биде моментот кога тој трансфер ќе се реализира.